• петок, 22 ноември 2024

Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга

Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Едно лице се здобило со тешки повреди, откако возило во текот на вчерашниот ден, излетало на железничка пруга, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

- Имаше брза, а ограничена со време, спасителна комбинирана акција за извлекување две повредени лица при сообраќајна несреќа. Нивното возило излетало на самата пруга, едното лице било потешко повредено. Се отстранувало хаварисаното возило од пругата до наредно поминување на воз Велес - Градско, меѓу 15.08 и 17.30 часот. Покрај пожарникарите, полицијата и Итната медицинска помош, на терен интервенирале и екипи на „АМСМ“, Јавното претпријатие „Македонски железници и инфраструктури“, појаснуваат од ЦУК. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан