• понеделник, 23 декември 2024

Тетовци нема каде да пријават нерегуларности поврзани со животната средина

Тетовци нема каде да пријават нерегуларности поврзани со животната средина
Тетово, 29 јануари 2020 (МИА) - Телефонскиот број 0800 55 043 за пријавување незаконитости од областа на животната средина во рамки на општина Тетово не работи долго време, реагираат граѓаните. Исто така се забележува на општината дека нема одговори на пријавите преку посебната интернет страница „Тетово Еко извештај“. -Со години трае практиката да нема одговори од надлежните во општина Тетово кога станува збор за пријавите на граѓаните на „Тетово Еко извештај“. Исто таква е ситуацијата и со телефонскиот број, велат од невладината организација Еко Герила од Тетово. Градоначалничката Теута Арифи одговори дека треба да се провери што станува со телефонскиот број, а тврди дека се казнуваат прекршителите. -Секогаш вршиме контрола на ист тој број. Многу ни е важно во овој период на година да биде во функција, а ќе го провериме уште еднаш. Во однос на пријавите кои се докажани после излегувања на испектори на терен има неколку компании кои биле казнети. Се соочиле со казни од 2500 евра, кои ако се платат во првите седум дена, сумата се преполовува, рече Арифи. Примената на „е-report“ Тетово е создадена со цел граѓаните во секое време да имаат можност да ги пријават несовесните однесувања на физички и правни лица кои со своите постапки ја загадуваат животната средина. Општинските еколошки инспектори ќе реагираат за секој случај пријавен од страна на граѓаните, кои мора да пополнат образец и да испратат фотографии од местото на настанот, стои на страницата. Изминатите седум денови од 22 до 28 јануари, во Тетово се бележи загаден воздух и надминување на дозволените 50 микгрограми ПМ10 на метар кубен. Среднодневните концентрации според Државниот мониторинг систем се движат од 133 до 206 ПМ10 на метар кубен.ас/бт/

Остани поврзан