• вторник, 02 јули 2024

Тетовското музичко училиште со традиционален концерт по повод Свети Климент Охридски

Тетовското музичко училиште со традиционален концерт по повод Свети Климент Охридски

Тетово, 8 декември 2023 (МИА) - Учениците од државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец“ вчера одржаа традиционален концерт по повод патрониот празник, а во чест на Свети Климент Охридски. Патрониот празник училиштето традиционално го одбележува по повод Свети Климент од 1991 година, кога на 8 декември истата година, свечено е пуштена во употреба новоизградената концертна сала во училиштето.

- Традиционално, во концертната сала на училиштето се одржа свечен концерт. На концертот настапи хорот, како и учениците од основниот и средниот оддел од паралелките од Тетово и подрачното училиште од Струга. На програмата се претставија солисти на инструментите коишто се изучуваат во училиштето: пијано, виолина, виолончело, хармоника, гитара, соло пеење, изјави директорот Новица Соколовски.

Последна настапи Тамара Грујеска, ученичка по соло пеење во класата на проф. Наташа Миха, со композицијата „Кажи ми, кажи ми кој“ со која неодамна се претстави на Детската Евровизија.  ас/дма/


Фото: ДМУ Тодор Скаловски-Тетоец

Остани поврзан