Тетово со порака за Кочани: „Никогаш да не се заборави, нека почиваат во мир“
- На градскиот плоштад во Тетово група волонтери од Црвениот крст - Тетово од ПХВ-програмата („Промоција на хумани вредности“) оддадоа почит за 63-те млади луѓе што ги изгубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март минатата година.
Тетово, 16 март 2026 (МИА) - На градскиот плоштад во Тетово група волонтери од Црвениот крст - Тетово од ПХВ-рограмата (2Промоција на хумани вредности“) оддадоа почит за 63-те млади луѓе што ги изгубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март минатата година.
По повод една година од најголемата македонска трагедија, младите тетовци од плоштадот на симболичен начин со пуштање 63 бели балони кон небото порачаа дека нема да се заборават 63-те млади души што го напуштија овој свет во 2025 година на трагичен начин.
- Се собравме тивко и со единство - за нив, за сеќавање на нив и за нас како заедница. Мораме да покажеме важен знак на почит, сеќавање и грижа. Ние од Тетово сакаме да порачаме до сите во Кочани: „Никогаш да не се заборави, нека почиваат во мир“ - рекоа младите луѓе од Тетово. ас/ев/
фото Црвен крст Тетово ПХВ програма