• понеделник, 23 декември 2024

Тетовец осомничен за измама и затајување

Тетовец осомничен за измама и затајување

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот тетовец со иницијали М.Б., поради основано сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „послужување“ и „измама“, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Во текот на декември 2023 и покрај тоа што знаел дека договорот за работа со правно лице од Битола, му е истечен на 30.11.2023 и немал право за користење на банкарската картичка во сопственост на правното лице, на 8 и 9 декември, картичката ја приложил пред референт во филијалата во Тетово и подигнал парични средства, со што го оштетил правниот субјект за сума од 80.000 денари, се појаснува во соопштението на МВР. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан