Тер Штеген: Сакав да бидам дел од Жирона, тие се како семејство, но најлошото се случи, ќе отсуствувам неколку месеци поради операција
- Голманот Марк-Андре тер Штеген проговори за својата повреда.
Барселона, 5 февруари 2026 (МИА) - Голманот Марк-Андре тер Штеген проговори за својата повреда.
- Повеќето од вас не ме познаваат лично, па затоа сакам да споделам нешто со вас. Јас сум позитивна личност. Отсекогаш сум имал ваков став и го одржував низ сите тешкотии со кои се соочив, но оваа е особено тешка за мене. Минатиот викенд се случи најлошото: се повредив за време на натпревар. Токму пристигнав во Жирона, каде што бев пречекан со топло и пријателско добредојде уште од првата минута. Навистина се радував што ќе бидам дел од тимот и ќе помогнам во остварувањето на нашата заедничка цел. Мојата улога сега е целосно променета, но мојата поддршка за тимот ќе остане непоколеблива. Ова не е само одлична група играчи и тренерски персонал, тие се како семејство и ја чувствував нивната поддршка и блискост од самиот почеток. За спортистите, најголемата радост е натпреварувањето, тренингот и играњето. Ќе морам сето тоа да го одложам на неколку месеци бидејќи решив да се оперирам.
Ќе се вратам“, напиша Тер Штеген на социјалните мрежи.
Тој е член на Барселона и е позајмен на Жирона. Се повреди на натпреварот против Овиедо (0-1). Беше објавено дека Германецот претрпел сериозна повреда на мускулот - кинење на тетивата. Тој ќе биде опериран в петок. зс/
Фото: ЕПА