• четврток, 25 јули 2024

Телефонски разговор Остин - Умеров

Телефонски разговор Остин - Умеров

Вашингтон, 24 јули 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонскиот разговор со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ја потврди поддршката на Вашингтон за Украина, соопшти Пентагон.

- За време на телефонскиот разговор, министерот ја потврди непоколебливата поддршка на САД за Украина во поглед на руската агресија, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

Умеров наведе дека со Остин разговарале и за неодамнешните случувања на линијата на фронтот и за непосредните воени потреби на Украина.

Тоа беше прв разговор меѓу двајцата министри за одбрана откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан