• вторник, 19 ноември 2024

Телефонски разговор Вучиќ - Путин: Србија нема да воведува санкции за Русија

Телефонски разговор Вучиќ - Путин: Србија нема да воведува санкции за Русија

Белград, 20 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија е „независна и суверена земја која сама носи одлуки“, одговарајќи на новинарско прашање дали некој ќе го нападне поради денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ претходно на својот Инстаграм профил објави дека телефонски разговарал со Путин по повод годишнината и дека за време на тој разговор „изразил надеж дека Србија нема да воведе санкции кон Руската Федерација.

Вучиќ на новинарите им рече дека „Путин ја разбира позицијата и важноста на Србија“.

Пред две години му кажав на претседателот Путин дека ќе му се јавам кога ќе биде потребно да воведеме санкции поради притисок. И по две години можам да кажам дека не воведовме никакви санкции против Русија, а денеска го потсетив претседателот Путин дека Србија нема да воведува никакви санкции кон Русија, рече Вучиќ.

Тој дополни дека Путин го поканил да присуствува на 80-годишнината од победата над нацизмот во Москва следната година и дека долго разговарале како луѓе кои се познаваат долго време и како пријатели. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан