• петок, 22 ноември 2024

Телефонски разговор Вучиќ - Блинкен

Телефонски разговор Вучиќ - Блинкен
Белград, 11 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, соопштија денеска од кабинетот на Вучиќ. Беше објавено дека три теми биле клучни во телефонскиот разговор: Косово и „желбата на американската администрација да се постигне решение што е можно поскоро“, односот на Србија со Руската Федерација и диверзификацијата на енергетските извори на Србија. „Блинкен го известил Вучиќ за неопходноста од брзо постигнување договор со Приштина, а претседателот Вучиќ ги презентирал ставовите на Србија“, се наведува во краткото соопштение, пренесе Бета. зш/

Остани поврзан