• вторник, 01 октомври 2024

Тексас: Над 80.000 луѓе без струја поради ураганот Берил

Тексас: Над 80.000 луѓе без струја поради ураганот Берил

Вашингтон, 8 јули 2024 (МИА) – Ураганот Берил денеска го погоди крајбрежниот дел на Тексас, соопшти Националниот центар на САД за следење урагани (НХЦ).

Поради ураганот повеќе од 84.000 жители на Тексас останаа без електрична енергија.

Ураганот ќе продолжи да носи обилни дождови, силни ветрови и торнада во поголемиот дел од Источен Тексас додека се движи кон внатрешноста.

Претходно ураганот Берил ги погоди Карибите при што загинаа најмалку 11 луѓе.

Се очекува Берил да ослабне до тропска бура до утре кога ќе стигне до Арканзас. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан