Тајванскиот претседател вети дека ќе го „заштити демократскиот Тајван“
- Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те денеска вети дека ќе го „заштити демократскиот Тајван“ додека Кина спроведува големи воени маневри околу островот.
Тајпеј, 14 октомври 2024 (МИА) - Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те денеска вети дека ќе го „заштити демократскиот Тајван“ додека Кина спроведува големи воени маневри околу островот.
-Соочени со надворешни закани, би сакал да ги уверам моите сонародници дека владата ќе продолжи да го поддржува демократскиот и слободниот уставен систем, да го штити демократскиот Тајван и да ја чува националната безбедност, рече Лаи, кој свика состанок за национална безбедност утринава.
Кина денеска започна воени маневри со авиони и бродови околу Тајван, кој соопшти дека распоредил „соодветни сили“ како одговор.
Вежбата наречена „Здружен меч-2024Б“ има за цел „да ги тестира заедничките оперативни способности“ на силите, соопшти утринава кинеското Министерство за одбрана. мс/
фото: МИА архива