• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба

Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а очекуваме осум да се вратат неделава во државава, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што соопшти, денеска се очекува да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде се лекуваат вкупно 54. На Клинички центар се лекуваат 26 пациенти и по 10 во ГОБ 8 Септември и во Свети Наум Охридски, во приватните болници осум пациенти. На лекување во странство се 115 пациенти.

- Фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели, изјави Таравари.бд/лв/

Фото: Принтскрин 

 

Остани поврзан