• недела, 22 декември 2024

Таравари од Струга вети зголемување на минималната плата до 800 евра

Таравари од Струга вети зголемување на минималната плата до 800 евра

Струга, 18 април 2024 (МИА) - Борба против миграцијата со зголемување на минималната плата до 800 евра вети кандидатот на претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на вечерашниот митинг во Струга.

Со зголемувањето на минималната плата до 800 евра до крајот на четиригодишниот мандат, смета дека ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

- Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Како идна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра, рече Таравари.

Доколку коалицијата ја добие довербата на граѓаните, тој посочи дека ќе поддржуваат креативни идеи преку грантови за технологија и иновации.

- Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град, подвлече Таравари. сс/дма/

Фото: Коалиција Вреди

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан