• четврток, 26 декември 2024

Таравари од Дебар: Да го отстраниме старото и да донесеме новини, со нов претседател, нова влада, Устав, за држава која сите ќе ја сакаат

Таравари од Дебар: Да го отстраниме старото и да донесеме новини, со нов претседател, нова влада, Устав, за држава која сите ќе ја сакаат

Дебар, 16 април 2024 (МИА) - Нашата земја е уназадена во економијата, во правдата, во демократијата, во правата на граѓаните, на народите, на малцинствата, во вработувањето, во развојот. Затоа време за промени. Да го отстраниме старото и да донесеме новини, со нов Претседател, со нова влада, нов Устав за една држава која на сите ќе им припаѓа и сите ќе ја сакаат. За држава која вреди, порача вечерва од митингот во Дебар, Арбен Таравари, претседателски кандидат од коалицијата „Вреди“.

Тој и од Дебар најави забрана на коцкањето и брзите кредити, со кои, како што рече нашите граѓани се задолжени до гуша, додавајќи притоа дека  ќе им помогнат на граѓаните овие долгови да ги покрие државата или владата.

-Во Северна Македонија граѓаните трошат околу 1,7 милиони евра дневно во игри на среќа. Овие пари ги полнат џебовите  на руските и српските олигарси а преку нив и на моќниците од ДУИ. Болеста наречена игри на среќа ја инсталира и промовираше ДУИ на секој чекор во нашите населби. Оваа болест кој се симболизира со лотаријата на Артан Груби, ги уништува нашите семејства, го уништува нашето општество, додаде Таравари.

Пред дебрани се обрати и лидерот на Демократското движење Изет Меџити, Африм Гаши на Алтернатива, Билал Касами од Беса, Салим Сулејмани, носителот на кандидатската листа за пратеници за изборна единица 5, кои ги повикаа дебрани заедно да ги донесат промените.

Искажаа убеденост дека Таравари ќе оди во втор круг од гласањето а на парламентарните избори ќе имаат двојно повеќе пратеници наспроти коалицијата предводена од ДУИ.

Ветија дека нивниот единствен пат е евроинтеграцијата, која до сега не можела да се оствари поради лошото владеење на досегашната власт, обезбедување услови за стопирање на миграцијата преку субвенции за младите, подобри услови во бизнисот, децентализација со давање поголеми надлежности на локалната самоуправа, и секако враќање на довербата на граѓаните во институциите.

На митингот се обрати и Беким Ќоку од косовското „Самоопределување“, кој меѓу другото денешното гласање во Советот на Европа за членство на Косово го нарече историски ден за сите Албанци, што според него е заслуга на премиерот Албин Курти. вт/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан