• четврток, 02 мај 2024

Таравари во општина Врапчиште ја презентираше програмата

Таравари во општина Врапчиште ја презентираше програмата

Гостивар, 14 април 2024 (МИА) – Кандидатот за претседател на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари денеска ја презентираше предизборната програма на настан што го организираше Форумот на млади на „Вреди“ од огранокот на општина Врапчиште. Таравари со младите сопартијци возеше велосипед по околните планински патеки и разговараше за претседателската платформа.

– Продолжуваме со кампањата со една малку поинаква активност. На иницијатива на Форумот на млади „Вреди“ во огранокот Врапчиште го организиравме овој настан. Ќе се движиме по некои патеки кои се интересни и многу пријатни во овој регион. Верувам дека ќе се сретнеме со други луѓе, ќе разговараме и ќе ја образложуваме нашата програма. Со младите ќе разговараме за нивните проблеми, маки и предизвици, рече Таравари. згм/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан