• вторник, 05 ноември 2024

Тактичко-показна вежба во штипското медицинско училиште 

Тактичко-показна вежба во штипското медицинско училиште 

Штип, 4 ноември 2022 (МИА) - Земјотрес во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, дел од средношколците на време и неповредени го напуштија училиштето, но неколкумина од нив останаа заробени внатре. Со помош на екипи од ТППЕ- Штип учениците беа изнесени надвор, а прва помош добија од обучени волонтери од ОО Црвен крст Штип. На ваков начин денеска се изведе симулативна вежба со која се покажа како да се реагира за време на елементрана непогода, конкретно за време на земјотрес.

-Денес во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ се реализираше тактичко показна вежба на земјотрес и укажување на прва помош на повредените лица. Обучени волонтери по прва помош на симулирани повреди укажуваа прва помош на повреда на рака и повреда на нога на лицата кои беа внатре во училиштето, истакна Деспина Димитровска, вршител на должност секретар на ОО Црвен Крст-Штип.

Директорката на СОУ „Јане Сандански“ Марија Николиќ истакна дека ова е законска обврска на училиштето, благодарна е за вложеноста на институциите за реализација на оваа показно тактичка вежба.

-Денес во нашето училиште организиравме вежба симулација при евакуација на учениците за време на елементарната непогодба земјотрес. Се заблагодарувам на сите бидејќи се придржуваа до сценариото кое го подготвувавме, реќе Николиќ.

Пред три години во средното медицинско училиште се спорведе и показно тактичка вежба, како учениците и вработените да реагираат за време на пожар.вдј/мд/

Остани поврзан