• среда, 20 ноември 2024

Таинственото вселенско летало на Кина се врати на Земјата

Таинственото вселенско летало на Кина се врати на Земјата

Лос Анџелес, 8 мај 2023 (МИА) - Експерименталното, но и прилично таинствено кинеско летало што мина во земјината орбита 276 дена, денеска се врати на Земјата. Со тоа, заврши мисијата за тестирање на вселенските технологии за повеќекратна употреба во земјата, објавија кинеските државни медиуми.

Вселенското летало без екипаж се врати во вселенскиот центар за лансирање „Џиукван“ во северозападна Кина, како што е планирано. Тестот е означен како важен напредок во истражувањето на Кина за технологијата за повеќекратно користење на вселенските летала што ќе обезбеди поудобен и поевтин начин за испраќање идни вселенски мисии, објавија државните медиуми. Очекувано, не се приложени подробности за намената, какви технологии се тестирани, колку далеку стигнало тоа летало и патеката.

Слики од леталото, исто така, допрва треба да бидат објавени во јавноста.

Во 2021 година, нешто што можеби беше слично вселенско летало, полета до вселената и се врати на Земјата истиот ден во мисија исто така во голема мера чувана во тајност. Тоа летало, според кинески претставници, хоризонтално слетало на Земјата.

Се претпоставува  дека Пекинг развива вселенско летало, сличен како „Х-37Б“ на американските воздухопловни сили, самоуправувачки вселенски авион којшто може да остане во орбитата со години. Беспилотниот и повторно употреблив „X-37Б“ се врати на Земјата минатиот ноември, по својата шеста мисија, по повеќе од 900 дена во орбитата.  си/ми/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан