• недела, 22 декември 2024

Судско-медиумскиот совет потсетува на важноста на транспарентноста во судските постапки

Судско-медиумскиот совет потсетува на важноста на транспарентноста во судските постапки

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - По вчерашниот инцидент во битолскиот суд, каде новинари од два медиуми реагираа за непочитување на одобрението за снимање од Врховниот суд, Судско-медиумскиот совет потсетува на важноста на јавноста и транспарентноста во судските постапки.

- Клучно е на новинарите да им се обезбедат услови за да ја информираат јавноста за текот на судските постапки кои се од висок јавен интерес и да се почитуваат одобренијата за снимање што ги издава Врховниот суд. Судско медиумскиот совет ги охрабрува новинарите и судиите заеднички да ја направат правдата повидлива и подостапна до граѓаните, велат од Советот.

Советот, заедно со Врховниот суд, усвои препораки за снимање и фотографирање во судниците кои уредуваат како треба да изгледа присуството на медиумите во судницата, со цел новинарите да можат да ја информираат јавноста за текот на судските постапки од висок јавен интерес. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан