• сабота, 16 ноември 2024

Судскиот совет донесе одлуки за престанок на судиска функција заради старосна пензија, разреши и избра судии поротници во Основен суд Велес и Основен кривичен суд Скопје

Судскиот совет донесе одлуки за престанок на судиска функција заради старосна пензија, разреши и избра судии поротници во Основен суд Велес и Основен кривичен суд Скопје

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Судскиот совет на денешната 497. седница утврди престанок на судиска функција на Богоја Стрезоски, судија на Основен суд Охрид поради исполнување на услови за старосна пензија.

Воедно, донесе одлуки за престанок на шест судии поротници во Основен суд Велес. Советот изгласа избор на осум судии поротници на Основен суд Велес.

Судскиот совет донесе одлуки за престанок на 12 судии поротници на Основен кривичен суд Скопје поради истек на мандатот. А, Советот изгласа избор на Емина Косовиќ за судија поротник на Основен кривичен суд Скопје.

Советот донесе одлука Иван Колевски, судија на Основен суд Битола времено да се упати на вршење на судиската функција во Основен суд Прилеп во период од една година.фф/са/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан