Судан: Со финансирањето на бунтовниците во Судан, ОАЕ ја прекршуваат конвенцијата за геноцид
- Судан денеска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) соопшти дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја прекршуваат конвенцијата за геноцид со вооружување и финансирање на бунтовничките бунтовнички судански Сили за брза поддршка (РСФ), што Емиратите го негираат.

Хаг, 10 април 2025 (МИА) - Судан денеска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) соопшти дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја прекршуваат конвенцијата за геноцид со вооружување и финансирање на бунтовничките бунтовнички судански Сили за брза поддршка (РСФ), што Емиратите го негираат.
Судан бара од МСП да донесе итни привремени мерки, вклучително и наредба на ОАЕ да ги спречат злосторствата во суданската двегодишна граѓанска војна.
„Геноцидот врз народот Масалит го спроведува РСФ со поддршка и соучесништво на ОАЕ“, рече вршителот на должноста министер за правда на Судан, Муавија Осман.
И Судан и ОАЕ се потписници на Конвенцијата за геноцид од 1948 година.
Висок функционер во Министерството за надворешни работи на ОАЕ, Рем Кетаит рече дека обвинувањата се неосновани, дека тоа е „циничен и неоснован ПР потег, смислен за да го одвлече вниманието од ужасните факти за злосторствата на самата суданска армија“.
Војната во Судан започна во април 2023 година, кога во главниот град Картум избија судири меѓу армијата и одметнатите војници, бунтовниците и се проширија. И РСФ и суданската армија се обвинети за злосторства.
Обединетите Арапски Емирати повеќе пати беа обвинети за вооружување на РСФ, што тие го негираат и покрај доказите.
Според ОН, во војната загинале повеќе од 24.000 луѓе и протерани се над 14 милиони - околу 30 отсто од населението. Се проценува дека околу 3,2 милиони Суданци побегнале во соседните земји. рп/
Фото: ЕПА