• среда, 03 јули 2024

Суарез: Јас, Меси и Нејмар се надеваме дека во ист клуб ќе ги поминеме последните денови од нашата кариера

Суарез: Јас, Меси и Нејмар се надеваме дека во ист клуб ќе ги поминеме последните денови од нашата кариера

Порто Алегре, 11 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, откри дека се согласил да ја заврши кариерата со поранешните соиграчи Лионел Меси и Нејмар.

 

- За ова се договоривме и со Нејмар. Се надеваме дека последните денови од кариерата ќе ги поминеме во еден клуб. Чисто уживајќи во радоста на фудбалот и играјќи фудбал онака како што сакаме. Не знам за Нејмар, но јас и Меси дефинитивно ќе бидеме заедно, изјави Суарез за „Albiceleste Talk“.

 

Сепак, 36-годишниот Уругваец ја отфрли опцијата да се пресели во Интер Мајами, бидејќи сега е задоволен од се во Гремио.

 

На 7 јуни Меси објави дека од ПСЖ се сели во Интер Мајами. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан