• петок, 22 ноември 2024

Суарез сака да го раскине договорот со Гремио и да се пресели во Интер Мајами

Суарез сака да го раскине договорот со Гремио и да се пресели во Интер Мајами

Мајами, 19 јули 2023 (МИА) - Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез по една година сака да го напушти бразилскиот тим. Според „ESPN“ 36-годишниот Уругваец сака да го напушти тимот и е подготвен да се откаже од 10 милиони долари од својата заработка.

 

Суарез сака да му се приклучи на Интер Мајами, кај поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Серхио Бускетс.

 

Актуелниот договор на Суарез со Гремио е до 2024 година.

 

Порталот„ Transfermarkt“ го проценува Суарез на четири милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан