• понеделник, 23 декември 2024

Студената храна и пијалаци предизвикуваат главоболки

Студената храна и пијалаци предизвикуваат главоболки

Москва, 5 август 2022 (МИА) - Претерано разладените оброци и пијалаци не се погодни за секого, предупредува Наталија Круглова, нутриционистка и член на Националното здружение на диететичари и нутриционисти на Русија.

- Сладоледот, ледените коктели, ладните салати и закуски не се опасни за здравата личност. Но, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт треба да го ограничат внесот ладна храна и пијалаци, особено лете, советува Круглова. Таа смета оти студената храна и напитоците со мраз може да предизвикаат тн. „ладна главоболка". - Но, ова е прилично индивидуална реакција на употребата на ладна храна - потипично е тоа за луѓето склони кон главоболки. Важно е да се водите според вашите сопствени чувствителности, објасни нутриционистката. Се разбира, човекот треба да се воздржува од студена храна и во случај на симптоми на настинка.  си/сд/

Остани поврзан