• вторник, 03 февруари 2026

Стручен настан „Аутизам од дијагноза до достоинство“ утре во Охрид

Стручен настан „Аутизам од дијагноза до достоинство“ утре во Охрид

Охрид, 30 јануари 2026 (МИА) – „Аутизам од дијагноза до достоинство“ е насловот на стручниот настан за доктори на медицина што утре ќе се одржува во Охрид.

Настанот што е наменет за доктори на медицина ќе ги продлабочи знаењата за патот на лицата со аутизам, од дијагноза до достоинствен живот, со системска поддршка, велат организаторите.

На собирот организиран од страна на Здружението на лекари Охрид, со поддршка од фармацевтската компанија „Фитофарм“, ќе се обратат неврологот проф. д-р Филип Дума, психологот и клинички психотерапевт Амела Мемиш Апостоловска, психијатарот Магдалена Чакар Маркулеска и како јавен застапник на аутистите Леон Мемиш Апостоловски. Модератор на настанот ќе биде Александра Сабрас Апостолова – дефектолог.

Настанот ќе се одржува во просториите на библиотеката „Григор Прличев“ со почеток од 13 часот. аб/

Фото: плакат

 

Остани поврзан