• понеделник, 18 ноември 2024

Струмичките комуналци почнаа генерално чистење на дел од најголемиот отворен канал

Струмичките комуналци почнаа генерално чистење на дел од најголемиот отворен канал
Струмица, 2 јуни 2021 (МИА) - Струмичките комуналци почнаа со генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република“, најголемиот отворен канал во градот. Според известувањето од ЈПКД „Комуналец“, со тоа се превенира  создавање на поплави од поројни дождови во летниот период. -Во  акцијата  е соберена и депонирана сета трева и  исушени растенија кои беа претходно третирани со средство за сушење, сета нова израстена трева и растенија во каналот и околу него  и тие исечени и соберени, информираат од струмичкото комунално прептријатие. Уште еднаш апелираат до граѓаните, кои живеат во овој дел на градот, за посовесно однесување и да се придржуваат на забраната за фрлање на отпадоци во каналот. Инаку, во тек се градежните активности за реконструкција на горниот дел од овој канал  и негово покривање во должина од три километри од улицата „Брегалница“ до улицата „Маршал Тито“. До крајот на септември каналот треба да биде целосно реконструиран и покриен, а просторот над него ќе биде урбан и хортикултурно уреден простор. За реализација на овој зафат Општината ќе потроши 35,5 милиони денари, обезбедени од буџетот. рт/аа/

Остани поврзан