• петок, 22 ноември 2024

Стојковиќ: Мечот со Русија е одлична подготовка за Европското

Стојковиќ: Мечот со Русија е одлична подготовка за Европското

Москва, 20 март 2024 (МИА) - Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ, зборуваше на медиумска конференција пред пријателскиот натпревар што „орлите“ ќе го одиграат против Русија.

Во четврток од 18:00 часот на стадионот Динамо во Москва ќе се сретнат репрезентациите на Србија и Русија.

По пристигнувањето во Москва, Стојковиќ за локалните медиуми изјави дека српската фудбалска федерација без многу размислување прифатила да го одигра натпреварот со Русите.

-За понудата на Русите да го одиграме натпреварот дознавме веднаш по ждрепката за Европското првенство во Хамбург, во декември. Немавме ни трошка сомнеж дали да ја прифатиме понудата. Овој натпревар ќе биде добра подготовка за Еврото“, изјави популарниот „Пикси“.

Селекторот на Србија беше прашан како тој и неговите избраници беа пречекани во Москва.

-Нормално, се е под контрола, нема ништо необично, додаде тој.

За потсетување, ова ќе биде прва вистинска проверка со селекцијата на Русија, која е под санкции поради конфликтот меѓу таа земја и Украина. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан