• вторник, 13 јануари 2026

Стојаноска: Граѓаните на Маврово и Ростуше направија вистински избор, ВМРО-ДПМНЕ повторно го порази СДС

Стојаноска: Граѓаните на Маврово и Ростуше направија вистински избор, ВМРО-ДПМНЕ повторно го порази СДС

12 јануари 2026

ВМРО-ДПМНЕ упатува искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше, кои испратија јасна, силна и недвосмислена порака дека Македонија заслужува подобар, посигурен и подостоинствен живот. Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.

Граѓаните направија вистински избор. Тие избраа стабилност, развој, просперитет и конкретни проекти. Изборниот исход уште еднаш потврдува дека довербата не се добива со празни зборови и лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ оствари убедливо најголема победа на локалните избори досега. Историски резултат, кој ја потврдува силната поддршка од граѓаните во државата. Во таа насока, сакам да им честитам на сите избрани градоначалници во првиот и во вториот круг на локалните избори 2025 година. Изборниот процес го завршуваме со освоени 56 градоначалнички места наспроти само 6 на СДС.

Овие изборни резултати се јасен и недвосмислен пораз за опозицијата и нивните деструктивни, неуспешни и штетни политики. Граѓаните им свртеа грб затоа што не понудија решенија, туку блокади, конфликти и стагнација. Затоа нивната политика продолжува да тоне.

СДС падна на едвај 140 илјади гласа и денес е четврта политичка сила во Македонија. Тоа е директна последица на нереформите, немањето капацитет и визија, како и на криминалот и корупцијата, од кои не се оградуваат. Кланот Дубаи, наградувањето поранешни функционери наместо нивна одговорност и целосното отсуство на морал и политичка одговорност, ја донесоа оваа партија до историски пораз.

Поразена е и ДУИ, партија што не испорача ништо ниту за Албанците ниту за Македонците во општините во кои раководеше. Наместо развој, оставија долгови, раскопани улици, нефункционални институции и хаос. Националистичката реторика повеќе не им поминува, а реформите никогаш не ги испорачаа. Затоа им порачуваме внимателно да ги слушнат пораките што граѓаните јасно и гласно ги испратија.

Почитувани граѓани,

Нашата обврска од денес е уште поголема. Со длабока почит кон секој даден глас, продолжуваме уште поодлучно, поодговорно и посветено да работиме за граѓаните, за развојот на општините, за напредокот на државата и за иднината што сите ја заслужуваме.

Линк од видеоматеријал:

https://www.youtube.com/watch?v=Ikh9ViDuzyA

https://www.swisstransfer.com/d/09060baf-df57-4479-86c1-e22dc8819b80

Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан