• петок, 22 ноември 2024

Стопанската комора ќе утврдува мерки за надминување на енергетската криза

Стопанската комора ќе утврдува мерки за надминување на енергетската криза

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, денеска треба да бидат утврдени на седница на Управниот одбор на Стопанската комора.

- Стопанската комора, по спроведената анкета за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година, ги презентираше резултатите пред двете највисоки тела на Комората. Како што беше дефинирано, конкретните предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, ќе бидат утврдени на специјалната седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, со која заседава претседателот на Комората, Бранко Азески и на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), која е раководена од проф. д-р Кочо Анѓушев, се вели во соопштението на Комората.

Седницата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора со почеток во 11 часот. бд/са/

 

Остани поврзан