• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор немаат за колапсот, одговорност ќе има

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор немаат за колапсот, одговорност ќе има

Скопје, 30 мај 2024

 

Интегрален текст од прес конференција

Говорник: Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитувани

Најмалку 12 оддели кои функционираат на Хирургија, најмалку 12 оддели кои НЕ функционираат нормално веќе две недели, а нема ниту еден збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство.

Збор за хаосот немаат ниту д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, ниту д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, ниту д-р Зоран Караџов од Абдомен, ниту д-р Сашо Дохчев од Урологија, д-р Александар Жупановски од неврохирургија, збор нема ниту д-р Неџат Јакупи од Торакална, ниту д-р Славица Литајковска од Детска хирургија, збор нема од д-р Далип Јахија од Ортопедија, ниту д-р Никола Брзанов од Ургентен, ниту пак гласните д-р Илир Хасани од Траума екс- заменик министер и партнер на Филипче во градба, или д-р Маја Мојсова од КАРИЛ, толку гласна и ангажирана Филипче да не даде оставка после трагедијата со тетовската модуларна болница.

Ова е срамно и неетичко однесување, да се чека крај на мандат со скрстени раце, додека пропаста на Хирургија ги преоптовари сите болници во Македонија, а пациентите чекаат за операции. Срамно е заради негрижа да пропадне Клиниката за хирургија, пациентите да заминуваат во приватните болници, на своја или на сметка на државата.

Немаат збор ниту министерот ниту овие дванаесетмина за економскиот директор којшто со екипа заминал на Азурен брег, ниту пак за оние т.н. Заеднички служби. Никој од нив не  кажал ниту збор, ниту претходно ниту сега откако системот колабираше.

Срамно е за белиот мантил, политичката определеност на неколкумина да се определат за молк да е поважна од тоа да се помогне на пациент.

Доведувањето на состојба на Хирургија со затворени сали, скапан систем за компримиран воздух, скапана вентилација, скапани лифтови, исклучени рентгени, исклучени компјутерски томографи, скапани одаи за КАРИЛ да не се овозможи да се реновира, а фирмата да моли за услови, а директори и администрација да се шетаат на Азурен брег е се само не здравство, и се само не случајност или инцидент во столбот на македонското здравство, Клинички центар.

Одговорност ќе има, злоупотреба на службена положба да потсетам се прави со постапување, но и со непостапување. Прашањето за докторската етика да ја оставаме во рацете на колегите во бели мантили и секако на пациентите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан