• петок, 22 ноември 2024

Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2025/2026

Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2025/2026

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Амбасадата на Швајцарија во Скопје известува дека Сојузната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија ќе додели од 10 до 15 стипендии за студенти од државите во Централна и Источна Европа и од Кавказ за академската 2025-2026 година.

Министерството за образование и наука објави дека стипендиите се наменети за млади, висококвалификувани дипломирани студенти од сите области, со можност тие да го продолжат школувањето на докторски и постдокторски студии на некои од државните универзитети или признати институции во Швајцарија (швајцарските кантонални универзитети, универзитетите за применети науки, двата федерални института за технологија и четирите институти за истражување).

Достапни се три вида стипендии: истражувачки стипендии; докторски стипендии; постдокторски стипендии. Понудата не вклучува стипендии за додипломски и магистерски студии.

Подетални информации за трите вида стипендии, важечки за македонските студенти,  може да се најдат на  линкот на Амбасадата на Швајцарија:  www.eda.admin.ch/north-macedonia 

Апликациите и останатите потребни документи може да се добијат во Амбасадата или електронски (тел: 02 3103300; e-mail: skopje@eda.admin.ch).

-Целосно пополнетата апликација во хартиена форма во два примерока (еден оригинал и една копија) кандидатите треба да ја достават до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, најдоцна до 10 ноември 2024 година, наведено е во известувањето на веб-страницата на МОН. хс/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан