• петок, 22 ноември 2024

Стејт департмент: Едно од шест складишта на жито во Украина се запленети, уништени, оштетени или загадени од војната на Русија  

Стејт департмент: Едно од шест складишта на жито во Украина се запленети, уништени, оштетени или загадени од војната на Русија  

Вашингтон, 16 септември 2022 (МИА) - Приближно едно од шест складишта на жито во Украина се одземени, намерно уништени, оштетени или загадени од војната на Русија во оваа земја и тоа може да претставува воено злосторство, изјавија од Стејт департментот. 

Ова се наоди од вчера објавениот извештај на Опсерваторија на конфликти при Стејт департментот, изјави портпаролот Нед Прајс.

-Тоа значи дека тие се запленети од руските сили или намерно уништени, оштетени или загадени до таму што житото е некорисно. Придобивките од договорот Црноморско жито склучен со посредништво на ОН и Турција за безбедно снабдување на храна се пред ризик ако инфраструктурата во Украина продолжува да биде оштетувана, истакна тој. 

Според извештајот, тоа може да претставува воено злосторство и прекршување на дополнителниот протокол од 1977 година на Женевската конвенција. 

- Затоа повикуваме на понатамошна истрага преку соодветните механизми поврзано со сите вакви извештаи, рече Прајс. 

Во списокот од 22 санкционирани лица ополномоштени од Русија во Украина, вклучени се и лица кои го надгледувале запленувањето и кражбата на стотици илјади тони житарица од Украина. 

- Нивните акции ја усложнуваат кризата со храна во светот, рече Прајс. кб/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан