• понеделник, 23 декември 2024

Стеф Кари потпиша нов договор и ја надмина границата од 500 милиони долари

Стеф Кари потпиша нов договор и ја надмина границата од 500 милиони долари

Сан Франциско, 30 август 2024 (МИА) - Стеф Кари (36) се договорил со Голден Стејт Вориорс за продолжување на соработката што ќе го направи четвртиот кошаркар во историјата кој заработил половина милијарда долари само од договори со НБА тимови. 

Претходно тоа го направија Леброн Џејмс, Пол Џорџ и Кевин Дурент.

Овој „договор“ меѓу најдобриот шутер на сите времиња и единствената франшиза за која играше во незаборавна кариера беше постигната една година пред истекот на нивната досегашна соработка, потпишана во август 2021 година. Кари тогаш се обврза на четиригодишна соработка вредна 215,4 милиони долари, а ова летото додаде уште една година на договорот, што - само по себе - ќе ги чини Вориорс 62,6 милиони долари.

Кари во 2009 година беше дел од тимот на Голден Стејт кој чинеше вкупно 65,9 милиони долари, вклучувајќи ја бруто заработката на сите играчи во тимот, кога се пробиваше до ѕвездите како дебитант и седми пик на Драфтот.

-Отсекогаш сум велел дека сакам да настапувам само и исклучиво за Вориорс. Во оваа фаза од мојата кариера мислам дека тоа е можно, изјави неодамна Кари, кој со Голден Стејт освои четири шампионски титули и лично освои две МВП титули.

Летово на Олимписките игри во Париз сигнализираше на управата дека нема намера да успорува, беше најдобар играч на тимот што го освои златото, а сето тоа дојде откако минатата сезона имаше просек од 26,4 поени стрелајќи 40,8 отсто од тројка. Имаше и 5,1 асистенции и 4,5 скока по натпревар.

Откако една деценија беа најскапите или еден од најскапите тимови во НБА, со разделбата со Клеј Томпсон, Вориорс „паднаа“ на 13-то место во лигата кога е во прашање збирот на заработката на играчите и ја пречекуваат сезоната 2024/25 со салдо од 177,6 милиони долари – малку над границата по која следи „данокот на луксуз“.

Тоа ја отвора можноста за новиот генерален менаџер Мајк Данливи да се обиде да му даде на еден од најдобрите играчи на сите времиња уште една шанса за напад на титулата, иако тоа нема да биде лесно. дс

Фото: Архива

Остани поврзан