Стефковски: Започнавме со изградба на нови осум спортски терени
- Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица
Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица.
Како што информираат од општината со ова започна реализацијата на новиот проект за изградба на осум спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба.

-Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: "Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите", денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување е исполнето во целост. Досега изградивме 27 спортски терени, а со изградбата на новите 8, оваа бројка ќе биде 33 спортски терени изградени за само 4 години, нешто што никогаш претходно не се случило, истакнал градоначалникот Стефковски.свс/вј/
Фото: Општина Гази Баба