• петок, 05 јули 2024

Стефановски забележа победа првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки

Стефановски забележа победа првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки

Сен Жан ду Гард, 17 април 2023 (МИА) - Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

 

- Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1 – напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.

 

Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.

 

Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и  Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше. зс/

Остани поврзан