• понеделник, 01 јули 2024

Стерлинг му донесе победа на Манчестер сити над Арсенал

Стерлинг му донесе победа на Манчестер сити над Арсенал
Манчестер, 17 октомври 2020 (МИА) - Манчестер сити вечерва го победи Арсенал со 1:0 во 5. коло од англискиот фудбалски шампионат. Единствениот гол на „Етихад“ го постигна Рахим Стерлинг во 23. минута. По четири одиграни средби Манчестер сити има седум бода и се наоѓа на 10. место, додека Арсенал со девет бода и натпревар повеќе е на 5. позиција. зс/

Остани поврзан