• понеделник, 23 декември 2024

Старџен: Во Шкотска ќе се воведат дополнителни ограничувања

Старџен: Во Шкотска ќе се воведат дополнителни ограничувања
Лондон, 21 септември 2020 (МИА) - Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека за неколку дена ќе бидат воведени дополнителни строги мерки за сузбивање на растечкото ширење на коронавирусот. Старџен рече дека е неопходна итна акција, но се надева дека ќе се избегне целосна блокада, како што беше воведена во март. - Морам да бидам апсолутно искрена со луѓето, сигурно ќе бидат воведени дополнителни ограничувања низ цела Шкотска во следните неколку дена, рече Старџен. Таа додаде дека побарала од Владата итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата. паг/    

Остани поврзан