Став на ВМРО - Народна партија за уставните измени
- ВМРО-Народна партија вклучувајќи се во дискусијата за уставните промени сака да го искаже својот став дека, прифатлива е промена на преамбулата по моделот на Уставот на историското ВМРО.
Скопје, 3 април 2023
ВМРО-Народна партија вклучувајќи се во дискусијата за уставните промени сака да го искаже својот став дека, прифатлива е промена на преамбулата по моделот на Уставот на историското ВМРО.
Според Уставот објавен во книгата „ВМРО 1893-1903 година - поглед низ документи“ во Скопје, 2013 година од авторот Ванчо Георгиев – македонски историчар и професор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, читаме во член 3: „Член на БМОРК може да биде секој бугарин без разлика на пол...“ и член 15 каде се дефинира заклетвата на секој вмровец: „се заколнувам во Бога, верата и својата чест дека ќе се борам до смрт за слободата на бугарите во Македонија и одринско...“. Инаку овој Устав е напишан од Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
ВМРО-Народна партија смета дека ако на историското ВМРО не му пречеле бугарите тогаш нема потреба денеска да се плашиме од нив.
ВМРО-Народна партија смета дека посебна одговорност за позитивен однос кон овие уставни промени имаат токму партиите кои го носат предзнакот или името „ВМРО“.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.