• понеделник, 16 март 2026

„Срце за 63 светлини“ - ѕвездено небо на градскиот плоштад во Куманово

„Срце за 63 светлини“ - ѕвездено небо на градскиот плоштад во Куманово

Куманово, 16 март 2026 (МИА) - Кумановци, вечерва, со почеток во 20 часот, на градскиот плоштад ќе им оддадат почит на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани - информираа денеска од општина Куманово.

Во знак на сеќавање и почит кон прерано згаснатите животи во трагичниот настан во Кочани, на кумановскиот градски плоштад ќе се одржи достоинствен помен „Срце за 63 светлини“, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт - Куманово и Општината.

Ѕвезденото небо ќе биде посветено на 63-те ангели, со праќање порака и поддршка до семејствата на жртвите, искажувајќи сочувство во нивната болка, меѓу нив и на кумановецот Филип Стевановски. Пред трагичната смрт Стевановски беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Роден во Куманово, Стевановски беше уметнички директор на „Џез-фестивалот“, продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез-науки, а беше вработен како професор во Државниот музички училиштен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ - Штип. ам/вј/

Фото: Општина Куманово 

Тагови

Остани поврзан