• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Српскиот министер за надворешни работи: Србија е безбедна земја за странците

Српскиот министер за надворешни работи: Србија е безбедна земја за странците

Белград, 26 март 2025 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Србија, во технички мандат Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија е безбедна земја, а Белград е безбеден град за странците без разлика на идеолошки, верски или други ставови, јави МИА од Белград. 
Според него, сликите на немири и насилство на улиците и во институциите испраќаат вознемирувачка порака до светот и се опасни за имиџот на државата.

Ѓуриќ за белградски медиуми изјави дека Србија е во извесен вид политичка заложничка ситуација, во која дел од општеството се обидува да ја наметне својата политичка волја на остатокот од општеството, користејќи вонинституционални методи и преминувајќи ја границата на она што е вообичаена демократска практика.

Коментирајќи ги наводите дека се повеќе странски земји ги предупредуваат своите граѓани да избегнуваат патување во Србија, тој рече дека тоа е една од директните последици од сето она што се случува во изминатите четири месеци и резултат на обидите за преземање на институциите на недемократски и вонинституционален начин. зш/
фото : МНР Србија/сајт

Остани поврзан