• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви

Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, кој го информирал за активностите на Еврејската заедница во Северна Македонија, за нивните ангажмани и идни планови, како и за нивната соработка со државните институции.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ја изразил својата поддршка за активностите на Еврејската заедница и ја истакнал неговата заложба за унапредување на соработката со нив, во контекст на зачувување и афирмирање на културата, традицијата и обичаите на македонските Евреи.

Соговорниците размениле мислења и информации за актуелните состојби во државата, при што го поздравија донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, согласно кои се забранува називот и ознаките на политичките партии, здруженија и фондации да содржат симболи, зборови, кратенки, кои предизвикуваат расна или верска омраза или нетрпеливост, етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх.

На средбата станало збор и за придонесот на Еврејската заедница во севкупниот развој и напредок на македонското општество. сст/дма/

Остани поврзан