• недела, 15 февруари 2026

Средба на Пејковски со Јанчев по повод 20 години од основањето на македонскиот КИЦ во Софија

Средба на Пејковски со Јанчев по повод 20 години од основањето на македонскиот КИЦ во Софија

Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) – Директорот на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Зоран Пејковски, и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, одржаа работна средба во духот на празникот „Св. Трифун“, со фокус на продлабочување на институционалната соработка и промоција на македонското културно наследство и современото творештво.

Како што се наведува во соопштението од КИЦ, на средбата, биле разгледани конкретни чекори за идната соработка, вклучително и можност за потпишување Меморандум за соработка, со цел воспоставување рамка за реализација на заеднички културни проекти и програми. 

Во рамки на средбата, Пејковски му доделил Плакета на градоначалникот Јанчев, како признание за неговата континуирана поддршка и вложеност во афирмацијата на македонската култура. Во соопштението се посочува дека средбата се одржала во знакот на 20-годишнината од основањето на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, кој е основан во 2005 година. ра/лв/

Фото: КИЦ

 

Остани поврзан