• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорот на Република Словенија, Ѓиле Вишај

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорот на Република Словенија, Ѓиле Вишај

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со вршителот на должност амбасадор на Република Словенија, Ѓиле Вишај и помошник на генералниот директор на словенечката полиција, Јоже Сеница. На средбата, соопштија од МВР, присуствувал и новоназначеното полициско аташе на Република Словенија.

Министерот Тошковски се заблагодарил за поддршката на Словенија за нашата држава, како наш најголем поддржувач и промотор во евроинтегративниот процес, а биле потенцирани и традиционално добрите односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи. Посебно била акцентирана помошта што Словенија ни ја даде во справувањето со пожарите.

- На средбата се разговараше и за динамиката за имплементација на заедничките проекти на македонската и словенечката полиција во следниот период, а стана збор и за приоритетните цели на МВР, како што се безкомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, ефективна имплементација на модерен интегриран систем за гранично управување, борбата со илегалната миграција како заеднички проблем, дигитализирање на голем дел од процесите во МВР..., соопшти МВР. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан