• понеделник, 15 декември 2025

Средба на министерот Тошковски и генералниот директор на ИЦМПД Шпинделегер

Средба на министерот Тошковски и генералниот директор на ИЦМПД Шпинделегер

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) – Министерот за внатрешни работи денеска оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД Михаел Шпинделегер.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на средбата било разговарано за приоритетите и претстојните активности кои ги презема МВР од аспект на справувањето со илегалната миграција и воопшто зајакнувањето на капацитетите на граничната полиција да одговори на предизвиците кои таа ги носи.

Состанокот, додаваат, завршил со взаемно изразена желба за интензивирање и развој на соработката помеѓу МВР и Меѓународниот центар за развој на миграциски политики. ра/вг/

Фото: МВР

 

Остани поврзан