• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Дурмиши со германската амбасадорка Дрекслер

Средба на министерот Дурмиши со германската амбасадорка Дрекслер

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска остварил средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.

Како што информира Министерството, Дурмиши на средбата истакнал дека Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија кој има учество од околу 24 проценти во вкупната трговска размена на нашата земја и учествува околу 40 проценти во вкупната трговска размена со земјите од ЕУ.

-Трговската размена бележи континуиран раст, а тоа се должи во најголем дел на значајните германски инвестиции кои се над 10 и работат во зоните. Соработката и блискоста помеѓу двете економии се манифестира и преку бројните германски инвестиции во земјава, се наведува во соопштението.

Дурмиши потенцирал дека радува податокот што за 10 години вкупните инвестиции од Германија во Северна Македонија изнесуваат 675 милиони евра, а само во 2023 година се инвестирани 108 милиони евра од германски компании во нашата земја.

-За нас како Министерство за економија и труд, во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори, од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Колку повеќе германски компании инвестираат во Северна Македонија, толку повеќе расте извозот, рекол Дурмиши на средбата со германската амбасадорка Дрекслер.

На состанокот било истакнато дека Германија е партнер и поддржувач на Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ, преку поддршка во реформите и развојниот процес, а Берлинскиот процес како меѓувладина иницијатива за соработка во насока на забрзување на евроинтеграцискиот процес, „е јасен показател за поддршката која ја добиваме од Германија“.

Министерот Дурмиши изразил надеж дека трендот на соработка кој го имаме досега со Германија ќе продолжи и ќе се интензивира во сите области, „со крајна цел забрзување на процесот на влез на Северна Македонија во ЕУ“. хс/нд/

Фото: Министерство за економија и труд

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан