• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на Исени со Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција

Средба на Исени со Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Скопје Софија Филипиду, во придружба со Димитрис Каиридис, поранешен министер за миграција и азил, и полициското аташе на Република Грција во земјава, Димитриос Лиаскос.

Како што соопштија од МВР, на средбата Исени ја подвлекол важноста, но и посветеноста на Министерството за продлабочување на меѓусебната соработка и на стратешко и на оперативно ниво, истакнувајќи притоа дека единствено со заеднички сили и волја можеме да постигнеме успех и да бидеме ефикасни во борбата против илегалната миграција и воопшто во управувањето со миграциите.

-Двете страни воедно ја потврдија и неопходноста за соработување и содејство не само на билатерална основа, туку и во рамки на регионални и меѓународни иницијативи, каде што токму можноста за разменување на искуства, приоритети и предизвици може да даде голем придонес во управувањето со миграциите и во борбата со сите форми на криминал, истовремено овозможувајќи воспоставување и зајакнување на нови и постоечки партнерства, соопштија од МВР.

Средбата завршила со уверување од двете страни за натамошна интензивна соработка во сите области на дејствување на Министерството за внатрешни работи.бт/нд/

Фото: МВР

Остани поврзан