Средба на заменик-министерот за внатрешни работи Исени со албанскиот амбасадор Мејдани
- На средбата, како што соопшти МВР, се разговараше за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Албанија
Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Денион Мејдани.
На средбата, како што соопшти МВР, се разговараше за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка, подобрувањето на меѓународните билатерални односи и продлабочување на прекуграничната соработка. мч/дма/
фото: МВР