• понеделник, 23 декември 2024

Средба на жителите на кумановската населба Карпош и претставници од локална власт за надминување на проблемот со гробиштата

Средба на жителите на кумановската населба Карпош и претставници од локална власт за надминување на проблемот со гробиштата

Куманово, 13 септември 2024 (МИА) - Жителите на кумановската населба Карпош ќе чекаат додека не се донесе новиот генерален урбанистички план за да може да ги прошират постоечките гробишта во населбата, соопштија денеска надлежните од општината. Претставници на месното население од кумановската населба Карпош бараат решавање на деценискиот проблем со постоечките гробишта во населбата. На средбата со надлежните општински институции и со претставниците на советот, месното население бара да се надмине овој проблем, да се овозможи проширување на гробиштата, кој по укинувањето на месните заедници е невозможен за месното население.

Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска денеска изјави дека Советот се обидел да изнајде изнајде решение за проблемот кој е како што посочо е голем, реален и датира од 2005 година кога е укината постоечката урбанистичка документација за оваа населено место и е направен вакуум простор до донесувањето на новиот ГУП во кој населбата ќе стане дел од градот и Советот може да донесе Одлука со која гробиштата ќе се дадат на управување на ЈП, „Чистота и Зеленило“ а земјиштето планирано за нови гробни места ќе може да се експроприра.

- Остваривме средба, ги информиравме граѓаните дека не е можно да се донесе ново решение за овој горлив проблем кој трае скоро две децении. Сè додека не се донесе новиот ГУП граѓаните ќе имаат проблем. Наоколу има ниви кои можат да се откупат, но  потребно е да се донесе новиот ГУП, изјави Ѓорѓиевска.

На почетокот на годинава беше одобрена е планската програма за новиот ГУП на Куманово. Согласно Законот за урбанистичко планирање, официјално е отпочната постапката за донесување на нов ГУП. Општината ја достави планската програма до Агенцијата за планирање на просторот која ќе ја подготви документациската основа и нацрт фазата за самиот план. Куманово ги обезбедува потребните студии и елаборати, обезбедена е хидролошката, студија за урбано зеленило и за студија за стабилност на земјиштето за планскиот опфат кој се проширува.

Според прелиминарните граници на проширување важечкиот генерален урбанистички план е 1.866, 3 хектари, прелиминарната граница на новиот е 3.559, 3 хектари или двојно повеќе. Во новиот ГУП влегуваат приградските населби Карпош, Иго Тричковиќ, Железничка станица, делот помеѓу Куманово и село Биљановце, дел помеѓу Куманово и село Доброшане … оние кои немаат статус ниту на град, ниту село.

Претходно беше потпишан трипартитен договор помеѓу општина Куманово, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за планирање на просторот.  Куманово ја почна постапката за изработка на ГУП пред неколку години. Постапката е сложена, скапа, но ќе понуди решенија за многубројните проблеми со кои се соочува градот изминативе децении, сметаат стручните. Планот треба да обезбеди нови сообраќајни решенија со кои ќе се реши метежот, формирање нови населби, повеќе зеленило, пешачки зони, ефикасен јавен транспорт, уредени простори, наменети за сите. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан