• петок, 05 декември 2025

Средба на државниот секретар во МВР Петрушевски со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој

Средба на државниот секретар во МВР Петрушевски со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски денеска остварил средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.

Како што објави на неговиот фејсбук профил Петрушевски, за време на средбата било изразено взаемно задоволство од досегашните добри односи меѓу нашите две земји и била потврдена заложбата за уште посилна соработка во иднина, како и за постојана координација на теми од заедничко значење.

- Упатив искрена благодарност за континуираната и сеопфатна поддршка што Турција ѝ ја дава на нашата земја. Ја истакнав важноста на билатералната и регионалната соработка, која е на високо ниво и од особено значење за двете држави. Потенцирав дека министерствата за внатрешни работи на Македонија и Турција остваруваат исклучителна соработка преку меѓународните и регионалните канали, особено преку СЕЛЕК, ИНТЕРПОЛ и ЕВРОПОЛ. Овие механизми придонесуваат за поефикасно координирање на активностите во борбата против меѓународниот организиран криминал и другите сериозни закани, напиша државиот секретар во МВР на фејсбук.

Во фокусот на денешниот состанок, објави Петрушевски, биле новите можности за продлабочување на соработката, тековните прашања во областа на безбедноста, како и актуелните меѓународни и регионални предизвици.

- Разменивме мислења и идеи за унапредување на безбедносната состојба, зајакнување на капацитетите за борба против тероризмот и заедничките напори за справување со оваа закана. Посебен акцент ставивме и на мерките за таргетирање поединци со цел зачувување на регионалната стабилност и безбедност, напиша државниот секретар во МВР, Петрушевски на фејсбук. цр/дма/

Фото: фејсбук на државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски

Остани поврзан