• сабота, 23 ноември 2024

Средба на градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски со италијанскиот амбасадор Силвестри

Средба на градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски со италијанскиот амбасадор Силвестри
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, на која, како што информираат, му ги презентирал стратешките планови и приоритетни проекти на општината. На средбата, како што се вели во соопштението од Општина Кисела Вода, заеднички се дискутирало околу сферите каде е можна подддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните. - Посебен акцент се стави врз образовниот процес и инвестициите на полето на културата. Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот дека во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ факултативно се изучува италијанскиот јазик, а потоа разговарале и околу обезбедувањето на ваква можност и за учениците од другите основни училишта во Кисела Вода, се вели во соопштението. Соговорниците, стои во соопштението, на крајот потеницрале дека градењето на блиски релации преку зајакнување на соработката е од голема важност. аа/дма/

Остани поврзан