• недела, 22 декември 2024

Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на Вестминстер

Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на Вестминстер

Скопје, 23 август 2024 

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, заедно со замениците на генералниот секретар, Бобан Стојаноски и Никола Ѓошевски, денеска остварија средба со директорката на Фондацијата за декократија на Вестминстер, Дона Костуранова и раководителот на програми - Петар Трајков.

На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка, но и за продолжување на истата преку програми и проекти кои ќе бидат во интерес на Собранието, собраниската служба, како и во процесите на доближување на Собранието до граѓаните.

Дополнително, беше договорено во наредниот период да се интензивира соработката помеѓу Фондацијата за демократија на Вестминистер и Собранието, преку конкретни проекти во законодавниот дом, сѐ со цел постигнување на поголема ефикасност во работењето на Собранието. 

Собрание на РСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Собрание на РСМ 

 

Остани поврзан